Украдена камера на МВР во струшкото село Вишни
Камера во сопственост на МВР поставена над црквата Св.Никола кај с.Вишни-Струга, е украдена вечертва на 26 спроти 27 август.
Како што соопшти МВР, кражбата е извршена во периодот од 20:45 до 08:30 часот така што со употреба на моторна пила било пресечено дрвото на кое била поставена камера, по што сторителот ја одзел и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Оцени ја веста
28.08.2015 - 12:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа