„Димократија“: Папандреу живее како принц!

 

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу живее како принц и се наоѓа на одмор во луксузен хотел во момент кога неговата земја тоне во сиромаштија, пишува денеска грчкиот весник „Димократија“.

По одморот на грчкиот остров Серифос, на околу 118 километри од Пиреја, поранешниот грчки премиер заминал за Килини, при што избрал хотел со поглед кон Јонското Море.

Хотелот со пет ѕвезди „Мандола Роса“ има СПА центар со површина од 1.400 метри квадратни, а исто така и соби и вили со приватни базени, додава грчкиот весник.

најчитано сега