Времето ќе ни се расипе за викендот: Следуваат дожд и снег

 Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од западен и северозападен правец.       

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 16 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе искачи до 19 степени.

До петок ќе преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има и врнежи од дожд.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат и пообилни, а на повисоките места во западна Македонија ќе има и врнежи од снег. 

 
 
18.11.2015 - 08:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега