Регулаторна ја донесе одлуката: Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот во Македонија
Бензините поскапуваат за 2,5 денари. Цената на дизелот станува повисока за 1,5 денари. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од полноќ.
ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се точи за 60,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 62,5 денари по литар.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 45 денари за еден литар.
21.03.2016 - 12:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа