174 извештаи за сомнителни трансакции стигнале до Управата за финансиско разузнавање
174 извештаи за сомнителни трансакции примила Управата за финансиско разузнавање, станува збор за транскакции кај кои пости сомневање дека преку нив било направено перење пари или пак финансирање тероризам и е направен обид за тоа.
Во годишниот извештај на Управата стои дека 125 извештаи се доставени од банки, 22 од даватели на услуги за брз трансфер на пари и субагенти, а останиот број на на извештаи се од други субјекти.
Бројот на сомнителни транскации секоја година е во нагорен тренд, тоа го констатира и самата управа.
„Од статистичките податоци забележан е тренд на зголемување на бројот на примени сомнителни трансакции во 2015 година во однос на 2014 година и 2013 година“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа