Голема трагедија во Македонија: Почина малото детенце прегазено во Куманово

Четиригодишниот Алмир, кој пред недела дена во Куманово заедно со мајка му и татко му беше намерно удрен со автомбил, синоќа го загуби животот. Како што информираат албанските портали, семејството кое чекало ред пред амбуланта, одлучило да пушти друг човек пред нив, поради тоа што процениле дека станува збор за поитен случај.  Таквата одлука предизвиката револт кај машко лице кое чекало во редот, по што започнала кавга. Тој ги чекал да излезат од болницата, и потоа тенденциозно ги удрил со возилото.

Малиот Алмир бил најтешко повреден , по што бил однесен во болница во Скопје.

-Триесетдневен притвор заработи кумановецот што во саботата прегази тричлено семејство, а со најтешки повреди се здоби детето. Тој ќе одговара за убиство во обид. Додека чекал ред со неговата девојка во Здравствениот дом – Куманово почнал расправија со друго лице поради непочитување на редот за прием во амбулантата. Во текот на расправијата таткото му се заканил на осомничениот, а при излезот од  болницата тој бил нападнат од три други лица кои започнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил – информираше кумановското обвинителство.

Навистина голема трагедија. Нека почива ви мир.

 

 
 
02.07.2016 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега