„Бизнис центарот за македонската дијаспора“ почна со работа

 

Започна со работа „Бизнис центарот за македонската дијаспора“ кој ќе функционира во рамите на Услужната комора при Сојузот на стопански комори. Целта е да се вмрежуваат што поголем број на компании чие седиште се наоѓа надвор од Македонија и се управувани од страна на македонски бизнисмени во дијаспората со компании членки на Сојузот на стопански комори, информираат од Сојузот.

„Бизнис центарот за македонската дијаспора“ претставува мост кој ќе ги поврзува компаниите од Р.Македонија и дијаспората. Со своето делување ќе придонесува за зајакнување на деловната соработка која се базира на взаемен интерес и партнерски однос“, изјави Данела Арсовска, претседател на Услужна комора при ССК.

Од Сојузот на стопански комори информираат дека преку „Бизнис центарот за македонската дијаспора“ ќе се искористи големиот потенцијал на македонските компании во дијаспората во форма на знаење, искуство, размена на идеи, деловни контакти, а сето тоа, ќе се стави во функција на развој на нашата држава.

„Центарот има за цел да го зајакне образовниот кадар и да врши дистрибуција на бизнис информации од странство во нашата земја. Контактите и редовните средби на домашните и нашите бизнисмени во дијаспората ќе бидат од голема корист за да се согледаат сите можности за бизнис инвестиции и партнерства “, вели Арсовска.

-Долгорочна цел на „Бизнис центaрот за македонска дијаспора“ е подготовка на „Програма за економска размена со дијаспората и нови директни инвестиции во Република Македонија“. Со ова „Бизнис центарот за македонската дијаспора“ ќе биде моќен претставник на бизнис заедницата на Р.Македонија, кој ќе ги претставува економските интереси и потреби во различни области на македонскиот пазар, стои во соопштението на Сојузот на стопански комори.

 

 

најчитано сега