Собранието расправа за состојбата со поплавите во Скопко

Собранието на Република Македонија со едноминутно молчење во знак на почит за загинатите во невремето и поплавите, ја започна денешната седница со единствена точка Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.

Седницата се одржува на предлог на пратеничката група на СДСМ, а нејзиното одржување беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. 

Владата до Собранието испрати Извештај за активностите на Системот за управување со кризи, во врска со Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на врнежи и поплави на дел од територијата на Република Македонија и преземените активности од надлежните институции во подрачјата опфатени со поплавите. 

Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколу скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.

 
 
14.08.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега