Еве кој се закити со државната награда „Мајка Тереза“

Примариус д-р Димитар Котевски е добитник на годинашната државна награда „Мајка Тереза“.

Котевски ја добива наградата за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Министерството за култура денеска соопшти дека одлуката е донесена од страна на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“.

Наградата ќе биде врачена на 26 овој месец во 14 часот во Собранието на Република Македонија. 

 
 
15.08.2016 - 10:40
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега