Акција на македонската полиција: Фатени голем број мигранти

Во поширокиот реон на село Лојане, општина Липково, вчера во периодот од 19:00 до 24:00 часот се откриени и фатени вкупно 53 мигранти од Авганистан и Пакистан.

МВР денеска соопшти дека по претходно добиени оперативни сознанија и информации за зголемено присуство на лица и групи на мигранти, извршена била координирана акција и претрес на теренот.

Притоа биле откриени и фатени вкупно 53 лица мигранти од Авганистан и Пакистан, од кои 43 мажи, 3 жени и 7 деца.

 
 
13.10.2016 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега