Девојка од Скопје преживеа хорор во влез на зграда

Во 02 часот и 41 минути во Скопје на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ непознато лице извршило разбојништво над  29-годишната Д.Р. од Велес, со привремен престој во Скопје. Откако девојката излегла од лифт на четвртиот кат, го забележала непознатото лице како стои во ходникот и продолжила пешки по скалите, но тогаш  тој одзади ја фатил за коса, ја удрил по лицето и и ја земал кесата која ја носела во рака, а во која имало работна униформа. После тоа со трчање го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
14.10.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега