Хаос на Илинденска: Ем биле виновни ем ја претепале полицајката

Пеесетина минути по полноќ во Велес на улицата „Илинденска“ 35-годишниот А.К. и 34-годишниот А.К. од селото Горно Оризари, велешко, извршиле напад над полициска службеничка. Додека полициската службеничка вршела работа од областа на сообраќајот констатирала прекршок направен од А.К. кој управувал мопед непозната марка. На даден знак да го запре мопедот, истиот продолжил со движење и  застанал на наведената улица. Откако полициската службеничка им побарала документи, лицата почнале да ја навредуваат, ја влечеле за униформата и ја удирале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.                           

 
 
14.10.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега