Апелација ги намали казните за обвинетите од „Шпион“

- Скопскиот Апелациски суд делумно ги уважил жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначил првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.

- Апелацискиот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја достави пресудата со која првостепенета пресуда за предметот во јавноста познат како „Шпион“ се потврдува, со тоа што жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната, додека жалбата на обвинетиот Ѓ.Х. се уважува и во овој дел пресудата  се враќа на повторно судење и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Во останатиот дел, како што се додава во соопштението, првостепената пресуда се потврдува во целост.

Со новата пресуда, обвинетиот М.Е. се осудува на единствена казна затвор во траење од 10 години и 6 месеци, И.А.на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци, А.А. на затвор во траење од 3 години и 6 месеци, М.З. се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци, Б.Ц. на затвор од 3 години и 3 месеци и М.Н. на единствена казна затвор во траење од 2 години и 11 месеци.

Во соопштението од Кривичниот суд е наведено дека обвинетиот Г.С. се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци, на М.М. му е изречена условна осуда во траење од 1 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 3 години не стори ново кривично дело, на В.С. му е одредена тригодишна затворска казна, В.Ц. на условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело, А.Д. на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци, А.В. доби условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело, Ц.Д. се осудува на единствена казна затвор во траење од 2 години и 4 месеци, на Ж.П. му е изречена условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело, Т.К. се осудува на двегодишна затворска казна и обвинетиот К.С. доби условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Во утврдените казни, како што посочуваат од Кривичниот суд, се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор

 
 
14.10.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега