Врачени решенијата за исплата по мерки од Програмата за конкурентност
Министерот за економија Дритон Кучи денеска на повеќе компании им додели решенија за исплата по мерки од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, односно субвенции за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандардите, за воведување, одржување и модификација на HACCP систем, за женско претприемништво и за поддршка на занаетчии.
Во зависност од програмата субвенциите за компаниите се во висина од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.
– Се надевам дека овие скромни субвенции што ги доделуваме ќе претставуваат финансиски придонес кој ќе овозможи прогрес на вашиот бизнис, порача министерот Кучи во поздравниот говор пред доделувањето на решенијата.
Тој истакна дека микро, малите и средните пртпријатија се главен двигател на секоја економија.
– Микро, малите и средните пртпријатија учествуваат во македонската економија со 99 отсто од вкупниот број претпријатија, апсорбирајќи дури 75 отсто од вкупниот број вработени со што се потврдуваат како важни креатори на општествениот производ. Во денешно време интензивната конкуренција и специфичните потреби за одредени производи и услуги создадоа нови можности така што обемот на производство останува помалку важен предуслов на сметка на улогата на малите бизниси и можностите на занаетчиство, рече Кучи.
Нагласи дека во последната декада женското претприемништво е препознаено како важен извор на економски раст во глобални рамки, а влијанието на жената во бизнисот континуирано расте.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа