Груевски: Граѓаните знаат дека го остваруваме зборот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес промовираше значајни мерки за здравството кои се дел од новата програма на владејачката партија.

Тој испрати и порака за изборите на 11-ти декември.

-Граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме. Но и минат труд кој е гаранција дека ќе оствариме многу повеќе. Затоа нашата визија е патот за напредок. Заедничкиот пат за нашата Македонија, заклучи Груевски.

 
 
31.10.2016 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега