Авиолинијата Скопје – Хановер од денеска почнува за 899 денари за билет во еден правец

Скопје – Хановер е новата линија која од денеска ќе сообраќа од аеродромот „Александар Велики“, а билетите ќе се резервираат по цени почнувајќи од 899 денари за билет во еден правец.

Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија двапати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година. Секој понеделник и петок воздухопловите ќе заминуваат од Скопје, додека во вторник и сабота ќе пристигнуваат од Хановер.

Првиот авион од Скопје за Хановер во понеделник ќе полета во 18:50 часот, а потоа од Хановер ќе пристигне во Скопје на 1 ноември во 00:25 часот.

Покрај Хановер, како 23. дестинација на оваа авиокомпанија, скопскиот аеродром е поврзан со осум други градови во Германија: Берлин, Келн, Дортмунд, Франкфурт, Фридрихсхафен, Хамбург, Минхен и Нинберг, сите управувани од „Визер“.

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ нуди директни линии до 33 дестинации, а заедно со охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Македонија во моментов има авионска врска со вкупно 35 дестинации.

 
 
31.10.2016 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега