Заев утре мора да се појави на Суд како обвинет

По неколку одлагања за утре во Основниот суд Скопје 1 е закажано рочиште за случајот „Пуч" во кој еден од обвинетите е и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Минатотот рочиште беше одложено поради болен поротник, но не се појави и сведокот во случајот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Претходно рочиштата се одложуваа бидејќи ќерката на Катица Јанева правеше свадба а потоа бидејќи Јанева мораше да ги слави празниците.

Предметот „Пуч“ на почетокот беше воден од Основното јавно обвинителство, но од неодамна премина во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Тогаш почнаа и проблемите со преземање и на доказите кои ОЈО не брзаше да им ги предаде на СЈО. Тимот на СЈО почна да ги разгледува доказите директно во судот, а Апелацискиот суд дозволи СЈО да ги преземе сите документи во врска со предметот.

По барање на СЈО на утрешната расправа, како сведок, треба да се појави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Во предметот „Пуч“, за неовластено прислушување се обвинети Заев, Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и вработениот во струмичката општина Бранко Палифров.

 
 
31.10.2016 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега