Груевски: Со проектот „Рурални развојни зони“ ќе ги заживееме малите населени места

 

Предвидуваме проект наречен „Рурални развојни зони“, во населените места во кои што има под 10 илјади население, што значи речиси сите села во Македонија и помалите градови, во наредните пет години секој кој ќе инвестира во некој индустриски капацитет, во некој земјоделско откупен центар или хотел со најмалку 20 соби и ќе вработи луѓе, ќе добие една несекојдневна можност, да ги има не само истите туку и подобри услови отколку во слободните економски зони, наречени прецизно технолошко индустриски развојни зони, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот митинг.

-Предвидуваме проект наречен „Рурални развојни зони“, во населените места во кои што има под 10 илјади население, што значи речиси сите села во Македонија и помалите градови, во наредните пет години секој кој ќе инвестира во некој индустриски капацитет, во некој земјоделско откупен центар или хотел со најмалку 20 соби и ќе вработи луѓе, ќе добие една несекојдневна можност, да ги има не само истите туку и подобри услови отколку во слободните економски зони, наречени прецизно технолошко индустриски развојни зони. Тоа значи ќе има десет години 100 процентно ослободување од персонален данок на доход, десет години 100 процентно ослободување од данок на добивка, десет години 50 процентно ослободување од плаќање на пензиско и здравствено осигурување на вработените. Понатаму ќе добие финансиски гранд од државата за 10 отсто од вредноста на неговата инвестиција. Без разлика дали ќе изгради фабрика, погон, за опремата во неа ќе добие финансиски град од 10 отсто од неговата инвестиција и не повеќе од 500 илјади евра. За секое ново отворено работно место ќе добие неповратни 2 илјади евра, а ако е стечаец 4 илјади евра, истакна Груевски.

 
 
26.11.2016 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега