Седми од ден од предизборната кампања: ВМРО-ДПМНЕ со голем митинг во Скопје, СДСМ во Свети Николе и Велес

 

 Политичките партии денеска, на седмиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат митинг во Скопје.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Свети Николе и Велес.

Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Чегране, Боговиње,  а Алијанса за Албанците ќе биде во Битола, Ресен и Крушево.

Коалиција за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Сопиште. 

 
 
27.11.2016 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега