Трипуновски на средби со производителите на храна во Радовиш

 

Комуникацијата со производителите на храна е од витално значење, зашто постои потреба за взаемно информирање, запознавање со новите мерки што ги подготвува ВМРО ДПМНЕ… Затоа денеска во Радовиш, Покрајчево, Јаргулица, Подареш и Ораовица престојуваше Цветан Трипуновски.

Најнапред во млекарницата ,,Ѓорѓиеви,, ги запозна со новите мерки за поддршка на поквалитетното производство на млеко, поточно мерките што ке бидат насочени кон директно стимулирање по повисок квалитет на белата течност. Тој се осврна и на условите за водење и започнување бизнис, зашто компании како оваа млекарница имаат значајна развојна компонента, бидејки во моментов тука работат 130 работници со силна можност за натамошно проширување.

tripunovski1

tripunovski2

-На секој поединец му е јасно што прави Владата, дури и во вакви услови, а потврда за бизнис условите дојде и до Светска банка, од Дуинг бизнис за високата десетта позиција на Република Македонија во светот. Земјоделството како особено значаен сегмент во тие рамки ќе добие уште подобри позиции, зашто продолжува поддршката за поголемо и поквалитетно производство на храна, истакна Трипуновски пред присутните на средбата во општина Радовиш.

 

Со земјоделците од Покрајчево, Јаргулица, Подареш и Ораовица стана збор за производството и откупот на градинарски култури, пред се на пиперката. За наредниот период додаде, дека  во новата програма на ВМРО ДПМНЕ се издвојуваат неколку моменти што ќе значат подобар живот и поголем придонес за македонскиот земјоделец, а тоа е новиот систем односно новиот проект за 80% финансирање на новите системи „Капка по капка“ кои ќе значат поголемо и порентабилно производство во земјоделскиот сектор. Исто така во наредните четири години се предвидува 600 милиони евра субвенција во македонското земјоделство, што ќе значи дополнителна помош за македонскиот земјоделец.

tripunovski4

Трипуновски  се осврна и на политичката состојба која директно влијае и на работата на производителите на храна. -На секој граѓанин му е јасно што значат релаксирани услови за живот и работа,  кога енергијата нема да се троши на бесмилени, испровоцирани и наметнати односи од страна на СДСМ, наспроти избраните претставници од народот на последните парламентарни избори. Затоа, не треба да има никаква дилема: само 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ во идниот законодавен дом се вистинска гаранција за враќањето во нормален колосек и продолжување на патот на развојот.

tripunovski5

 

 
 
27.11.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега