Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е партија која што го слуша гласот на младите луѓе

 

УМС од ИЕ2 ќе имаат синхронизирана активност на која ќе бидат поделени изборни материјали од програмата „Реално“ се со цел населението да биде информирано за целите и проектите за младите кои се опфатени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.

-Унијата на млади сили на општинскиот комитет кои што припаѓаат на ИЕ2 спроведува синхронизирана активност во 12.30 часот со цел да им подели на случајни минувачи програма „Реално“ и флаери во кој што се наброени проекти за младите луѓе со цел да покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во независна Република Македонија која што идеите и активностите на младите луѓе кои што треба да бидат вметнати во една програма со која се настапува на избори ќе бидат ставени во програмата содвето во наредниот мандат од четири години ќе бидат реализирани. ВМРО-ДПМНЕ е партија која што го слуша гласот на младите луѓе и токму во програмата „Реално“ се наброени низа проекти кој што ќе ги решат проблемите и ќе дадат нова димензија на животот на младите луѓе, изјави кандидатот за пратеник во ИЕ2, Бојан Стојаноски.

 
 
27.11.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега