Македонија мрзне, доаѓа и снегот: Еве каде е најстудено утрово

 

Најниска температура утрово е измерена во Берово и тоа -2 степени Целзиусови, 2 во Лазарополе, 3 Тополчани, Крушево, Маврово, Куманово, 4 Ѓуриште, Пожаране, 5 Крива Паланка, 6 Битола, Претор, Тетово, Прилеп, 7 Дебар, Скопје, Виница, 8 Штип, Демир Капија, Струмица, Охрид, 10 Гевгелија, Дојран.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, на некои повисоки места со ниска облачност и намалена видливост до 50 м, а по одделни котлини има појава на магла, најмногу во Пелагонија и Д.Капија, каде видливоста е намалена на 200 м. Во втората половина од ноќта и утрово на места има слаби врнежи од дожд. Дува слаб ветер, претежно од северен правец.  

 

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, повеќе врнежи ќе има попладне. Поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе бидат проследени со умерен до засилен северен ветер, а во доцните попладневни часови врнежите и на некои повисоки места ќе поминуваат во снег (надморска висина околу 600 м). Ќе се формира снежна покривка, особено на планините во западните делови, а помала снежна покривка и на останатите места. Дневната температура ќе се движи од 4 до 11 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, доцна попладне на планините околу Скопската Котлина ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Дневната температура ќе биде во опаѓање и ќе биде околу 6 степени.

 

 

 
 
28.11.2016 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега