ВНИМАВАЈТЕ: Магла ги покри македонските патишта

 

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно по влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 метри до 200 метри  има на Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Велес-Скопје, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот. Истакнуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 
 
28.11.2016 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега