Почна Божикниот пост: Еве што смеете да јадете

 

Верниците од денеска до 6 јануари в година треба да се воздржуваат од лоши мисли и храна. За православните христијански верници, кои се водат според стариот Јулијански календар утре почнува шестнеделниот Божикен пост.Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божикниот пост е втор по должината на траењето, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна Божикниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење на вино, зејтин и риба. Строгиот пост на вода се налага во првата и последната недела, како и секоја среда и петок.

Правилото за овој пост е: понеделник, среда и петок, јадењата се подготвуваат на вода, вторник и четврток со масло за јадење, сабота и недела масло плус може и риба. Во деновите кога јадењето е подготвено на вода не е дозволено конзумирање алкохол. Под посна храна се подразбира храна во која нема млеко, јајца и месо.

 
 
28.11.2016 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега