Собранието повторно ги отвара вратите за граѓаните

 

Собранието на Република Македонија, поради зголемен интерес, ќе бидe отворенo и граѓаните ќе можат да го посетат и на 2 декември годинава (петок).

Како што истакнуваат од собраниската прес-служба, тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања.

Собранието на Република Македонија вообичаено е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3113-683 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетата. 

 
 
28.11.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега