Германскиот пратеник Мартин Хубер со поддршка за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ

 

Поддршка преку видео обраќање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва на митингот во Велес даде и германскиот пратеник Мартин Хубер од германскиот парламент.

-Вашата земја посебно во изминатиот период и помогна многу на Европа да остане стабилна и токму поради тоа ние од Германија и Баварија ви се заблагодаруваме. Македонија и вашата Влада ги докажа европските вредности и вашите заложби се за стабилна Европа. На вашиот пат кон Европа вие нам можете многу да ни помогнете, истакна Хубер.

Хубер му посака голема победа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и коалицијата „За подобра Македонија“.

 
 
28.11.2016 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега