ФОТО: Илија Димовски со развиорено македонско знаме во рацете пред своите велешани

 

Носителот на Изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, денес на митингот во својот роден град Велес, понесен од победничката атмосфера на бината се качи со развиорено македонско знаме.

Како што дознаваме, Димовски на овој потег се одлучил откако на вчерашниот митинг на СДСМ во Велес, за прв пат во историјата на градот на политички митинг се појавија албански знамиња на една македонска партија.

Ваквата постапка од страна на СДСМ ги згрози велешани, исто како што е згрозена целата македонска јавност од најавите за двојазичност и федерализација на Република Македонија.

– Срамно е што во срцето на Македонија вчера на митингот на СДСМ имаше повеќе албански знамиња од македонски знамиња. Ова е прв пат во историјата на Велес да има албански знамиња на митинг на една голема македонска партија, рече Димовски.

ilija

Со македонското знаме Димовски даде до знаење дека Република Македонија нема да дозволи ниту двојазичност ниту федерализација ниту било какви погубни сценарија за македонците.

Димовски ги повика велешани на 11 декември сите да излезат и да се спротистават на сите антимакедонски сценарија кои што ги презентира СДСМ.

veles-miting

 
 
28.11.2016 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега