УХМР предупредува: Подгответе се за минус 10 вечерва

 

Утре времето ќе биде претежно облачно студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб  до умерен интензитет. Врнежи ќе има и во пониските делови на земјава, каде се очекува да се формира помала снежна покривка, а на планините да се зголеми. Утринската температура ќе се движи од -3 до 2, а дневната од -2 до 3 степени. Потоа следува стабилно време со постепен пораст на дневната температурата, но во среда и четврток утрата  ќе биде многу студено со температури од -10 до -4 степени

До крајот на месецот не чека студено време со ниски температури и врнежи од дожд и снег.. Слично ќе биде времето и во декември.

 
 
28.11.2016 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега