Груевски: Намалена невработеност до 17%, нови 70.000 работни места и многу проекти за граѓаните (ВИДЕО)
Во новата програма се предвидуваат уште многу проекти. Се предвидува дека невработеноста ќе продолжи да опаѓа и од сегашните 24 отсто ќе се спушти помеѓу 17 и 18 проценти за 4 години, а ќе се отворат нови 70.000 работни места во Македонија.
Ова го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатската листата во четвртата изборна единица на вечерашниот митинг во Велес.
-Пензиите и платите во јавниот сектор ќе пораснат за 10,25 отсто, социјалната помош во 4-годишниот период ќе порасне за 50 отсто, а минималнита плата до 14.000 денари, во делот на кожарската и текстилната до 13.500 денари до 2020.
Подвлече и дека ќе се завршат започнатите градби на 3 автопати.
-Но ќе се започнат градби на уште 3 нови автопати во Македонија- од Гостивар до Кичево, од Скопје до Блаце и од Требениште до Струга.
Се предвидуваат нови 600 милиони евра за земјоделците, воведување на професионален земјоделски советник, како и други проекти кои ќе бидат од помош на земјоделството.
Модернизација на средното -стручно образование, градба на 18 нови и реконструкција на 140 училишта, нови 78 спортски сали, се само дел од проектите кои се предвидени во програмата „Реално“ од над 500 страни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа