Државниот долг на Црна Гора изнесува 1,77 милијарди евра
Државниот долг на Црна Гора на крајот на јуни изнесувал речиси 1,77 милијарди евра, или 50,1 отсто од проценетиот бруто домашен производ, соопшти Министерството за финансии во Подгорица.
Според податоците на Министерството за финансии, внатрешниот долг на земјата изнесувал 442 милиони евра, а надворешниот 1,32 милијарди евра.
Вкупната надворешнотрговска размена од почетокот на годинава до крајот на мај изнесувала 841,8 милиони евра, што е 2,8 проценти пониско во однос на истиот период лани.
Дефицитот во стоковата размена изнесувал 510,9 милиони евра или 9,8 отсто помалку.
14:49