Се разбудивме со снег - температурите паѓаат, доаѓа права зима
Времето во Македонија ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Врнежи ќе има и во пониските делови од земјава, каде се очекува да се формира помала снежна покривка, која на планините ќе се зголеми.
Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од минус два до три степени.
Во Скопје ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.
Утринска температура до минус еден, а дневната ќе достигне до еден степен.
В среда и в четврток утрата ќе бидат многу студени со температура од минус 10 до минус четири степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа