Овие места ќе бидат без вода до 17 часот

 

Без вода за пиење се жителите од Росоман и дел од Кавадарци поради пукната главна водоводна цевка фи 200. Работници на Јавното комунално претпријатие интензивно работат на отстранување на дефектот и се очекува проблемот да биде надминат околу 17 часот. 

- Без вода за пиење се росоманчани и дел од кавадарчани, како и индустриската зона на потегот од Кавадарци кон Росоман, информира Марјан Крстевски, техничар во работната единица за водовод и канализација при кавадаречкото јавно претпријатие „Комуналец". 

 
 
29.11.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега