Тодоров: Пензиите ќе се зголемат за 10,25 проценти, продолжуваат со реализација проектите за пензионерите

 

Носителот на листата од втората изборна единица од коалцијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров денеска заедно со кандидатите за пратеници се сретна со кумановските пензионери, на кои им ги презентираа проектите од програмата „Реално“ кои се однесуваат на оваа категорија граѓани.

Тодоров по средбата изјави дека на пензионерите им ги презeнтирал проектот за зголемување на пензиите од 10,25 отсто, продолжување на проектот за бањско-климатско лекување кој ќе можат да го искористат 22.000 пензионери и проектот за пензионерски викенд, кој пак е предвидено да го искористат 4.000 пензионери.

Пензионерите на денешната средба со Тодоров, се информираа и за проектите за доделување грантови за изградба на домови за стари лица.

– Разговараме и за севкупната ситуација во земјава, за најавите на лидерот на СДСМ за двојазичност, за кантонизацијата, федерализацијата на Македонија, промена на Уставот, проширување на Рамковниот договор и можам да констатирам дека пензионерите, едногласно се против ова, рече Тодоров.

Додаде дека пензионерите се луѓе со големо животно искуство кои што поминале многу низ животот и знаат да проценат кога државата е во опасност и кога треба да се застане во одбрана на државата.

 
 
29.11.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега