Пронајдени црните кутии од урнатиот авион во која загина скоро цел фудбалски тим

 

Колумбиски претставници изјавија дека на местото на несреќата пронајдени се двете црни кутии од урнатиот авион.

Колумбиските медиуми објавија и детали од последниот разговор на пилотите со контролата на летот. Пилотите се жалеле на проблеми со моторот, како и дека им снемува гориво. Откако контактирале со контролата на летот одобрено им било вонредно слетување.

Претходно, Колумбиската служба за цивилно воздухолпловство соопшти дека најмалку шест лица ја преживеале авионската несреќа, во  која утринава загинаа над 70 лица, вклучувајќи и поголем дел од бразилски фудбалски клуб.

Меѓу преживеаните има тројца играчи на бразилскиот фудбалски клуб Чапекоензе, двајца членови на екипажот на урнатиот авион и еден новинар.

crni-kutii

Бразилскиот претседател Мишел Темер издаде указ за тридневна национална жалост во спомен на жртвите на авионската несреќа во Колумбија.

Британската служба за истраги на воздухопловните несреќи соопшти дека ќе испрати своја екипа од експерти кои ќе треба да им помогнат на колумбиските власти во истрагата за несреќата.

Се очекува тричлената екипа истражители утре да пристигне на местото на несреќата. Истрагата ќе ја предводат колумбиските воздухопловни власти, а Велика Британија ќе учествува како земја во која е произведен авионот.

 
 
29.11.2016 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега