Сончево но кочан ладно: Температурите одат длабоко под нула

 

Времето во Македонија ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува  умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура од минус осум до минус два, а дневната од минус два до пет степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Утринската температура до минус три, а дневната ќе достигне до три степени.

Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури  особено во четврток кога на повисоќите места ќе се спуштат и под -10 степени. Дневните температри до петок  ќе бидат во  благ пораст. Во петок и во недела ке има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.

 

 
 
30.11.2016 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега