Утрово живата на термометарот покажа -12: Македонија окована во студ

 

Најстудено изутринава беше во Маврово каде се измерени - 12 степени. Во Лазарополе и Крушево температурата беше - 9, во Ѓуриште - 8, во Пожаране -7, Тополчани - 6, Берово -5 Берово и Крива Паланка, во Дебар, Прилеп и Претор - 4, во Битола, Куманово и Охрид -3, во Скопје, Петровец,  Штип, Виница, Демир Капија и Тетово - 2, во Скопје и Струмица -1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Демир Капија 24 литри на метар квадратен, во Берово и Крива Паланка 8 и во Битола 7 литри. 

Денеска времето ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

 

 

 
 
30.11.2016 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега