Обука за користење на средства од ЕУ фондовите

 

Обука за подготовка на предлог проект и користење средства од ЕУ фондовите ќе се одржи денеска во НВО Инфоцентарот при Младинскиот културен центар во Скопје. 

Целта е на обуката е да се обезбеди знаење за програмите на ЕУ за финансирање на граѓанските организации и вештини за аплицирање за овие програми, како и да се споделат информации за тоа кои се правилата за пристап кон тие средства. На работилницата ќе присуствуваат активисти од граѓански организации од повеќе национални припадности, различна определба како и од повеќе тематски области.

Носител на проектот е НВО „АЛБ“ за градска култура во партнерство со НВО „Женска акција“ која е организатор и целосен експертски покровител. Проектот е поддржан од Градот Скопје - Сектор за Култура и „Плимонт“ Скопје.

Здружението за градска култура „АЛБ“ Скопје, е доброволно и независно здружение, основано поради развивање и унапредување на музичката култура кај Албанците т.е. сите граѓани во Република Македонија и пошироки заеднички интереси.

Асоцијација за унапредување на статусот на жената во современите општествени процеси во Република Македонија „Женска акција” се залага за унапредување и заштитување на македонските традиции. 

 
 
30.11.2016 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега