Примопредвање на должноста командант на првата механизирана пешадиска бригада

 

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска ќе се спроведе воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на здружената оперативна команда (ЗОК).

Со Указ на Врховниот командант на вооружените сили досегашниот командант на 1.мпбр, бригаден генерал Зоран Милески е поставен за командант на ЗОК, а новоназначен командант на оваа најголема армиска единица е бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, актуелен аѓутант на Претседателот на Република Македонија.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици, претставници од локалната самоуправа и организациите со кои бригадата остварува соработка. 

 
 
30.11.2016 - 08:40
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега