Груевски: Ќе се кофинансираат оранжериско-градинарското производство и малите земјоделски стопанства

 

Високотехнолошките инвестиции во земјоделското производство особено во оранжериско-градинарското производство ќе бидат подржани преку програмите за рурален развој со кофинанирање на 60 проценти од трошоците, истакна денес во Банско лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски.

Тој посочи дека ќе обезбедат 90 процентно кофинансирање на мали земјоделски стопанства за да се развиваат во поголеми.

-Висината на поддршката за најмалите стопанства до еден хектар површина кај повеќето култури, односно до 5 хектари кај житата или пет грла во говедарството и свињарството или до 100 овци… кои се сметаат за стопанства кои започнуваат со посериозна земјоделска дејност ќе изнесува 90 отсто кофинансирање на трошоците направени при преминување во следната повисока категорија, објасни Груевски.

gruevski-bansko1

Кофинансирањето на трошоците за рестуктуирање на стопанствата од втора во трета категорија ќе изнесува 70 проценти.

-За возврат до крајот на инвестицијата стопанствата треба двојно да го зголемат нивниот првичен производен капацитет, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 
 
30.11.2016 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега