Студ во Македонија - температури под нулата
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од три до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе достигне до девет степени.
Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури. Дневната температура до сабота ќе биде во благ пораст, а в петок и сабота ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд особено во западните делови на земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа