Попоски: Отворањето нови работни места и инфраструктурата се главна наша цел

 

Носителот на листата во првата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски денеска во Скопје изјави дека главна цел на нивната програма се вработувањата и изградбата на нова инфраструктура.

- Еден дел се однесува на самовработување на невработени лица со грантови од 4.000 евра, а другиот дел се однесува на помош до микро и мали претпријатија кои ќе вработат лица кои што се невработени, рече Попоски.

Создавањето нови работни места, како  што појасни, ќе биде помогнато од државата со грантови од 92.000 денари по лице во форма на материјали и суровини, односно до пет лица односно 460.000 денари.

Попоски рече дека и изградбата на нова инфраструктура нема да запре.

 
 
30.11.2016 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега