Трагедија во Македонија: Почина прегзен пешак

Уште една страшна несреќа во Македонија, синоќа 25 минути по полноќ бил прегазен пешак во Кавадарци, кој за жал починал од здобиените повреди. Се работи за 57-годишниот Л.Ј. од Кавадарци кој бил прегазен од 20-годишниот  С.Ц. од Кавадарци, кој управувајќи со возило „Форд Фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, на улицата Страшо Пинџур.

Од полицијата информираат дека пешакот бил пренесен во Општа болница Кавадарци од каде, поради сериозноста на повредите, бил префрлен во Клинички центар Скопје, каде од здобиените повреди истиот ден во попладневните часови починал.

 
 
01.12.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега