Каменуван автобус на ЈСП - малолетник во болница

Во 22 часот во Полициската станица во Гази Баба, 39-годишниот М.О. од селото Марино, скопско, инаку вработен како возач во ЈСП-Скопје, пријавил дека на 29.11. околу 21 часот и 55 минути во Скопје на улицата „Методија Андонов Ченто“ и улицата  „Палмиро Тољати“, додека управувал автобус „Јутонг“ сопственост на ЈСП, кој сообраќал на редовна линија бр.65, непознат сторител фрлил камен во правецот на автобусот и притоа искршил еден од прозорите од вториот кат на автобусот. Од ударот со повреди во пределот на главата се здобил  седумнаесетгодишник од селото Булачани, скопско.

Истиот со возило на Итна мдицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му се констатирани телесни повреди.

Истиот е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
    

 
 
01.12.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега