Дванаесет несреќи на скопските улици

Осум лица се повредени во 12 сообраќајни несреќи во изминатото денононоќие во Скопје. 

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 10 возачи кои за време на управување на моторните возила користеле мобилен телефон, а седум лица ги управувале своите возила без возачка дозвола или нерегистрирани. Санкционирани се и 42 непрописно паркирани возила, а со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 78 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ„ 11 Октомври“ во општина Центар.

 
 
02.12.2016 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега