Нека не ве лаже сонцето, утрово -8: Детална временска прогноза

 
Најстудено утрово е во Берово, -8 степени, -7 во Скопје Петровец и  Крива Паланка, -6 Маврово, -5 Тетово, Куманово, -4 Скопје-З.Рид, -3 Виница, Дебар, Лазарополе, -2 Ѓуриште, Струмица, Крушево, Пожаране, 0 Прилеп, 1 Тополчани, Битола, Д. Капија, 2 Охрид, 3 Претор, 5 Штип, 6 Гевгелија.
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
 
Во првата половина од ноќта во јужните делови од земјата беше значително облачно, а во северните ведро и студено. Во утринските часови облачноста насекаде се зголеми, така што времето е променливо облачно, на места со 
слаб ветер од променлив правец. Само во Кр.Паланка дува умерен североисточен ветер.
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
 
Сончево со умерена облачност и со слаб ветер од североисточен правец. Во јужните делови повремено облачноста ќе се зголемува . Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ
 
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
 
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Во поголем дел од земјата ќе има мала до умерена, а во јужните делови повремено значителна облачност.
 
 
04.12.2016 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега