Студеното време ги наполни амбулантите во Македонија

 

Респираторни симптоми, покачена телесна температура, сезонски вируси, настинки и кашлици биле најчести причини за барање совети на телефонската линија Ало докторе! во последната седмица, од 28 ноември до 4 декември.

На 02/15 123 во изминатата недела се јавиле 1343 граѓани за совет. Повиците биле од граѓани од сите градови на Македонија и на сите им била дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Од 15 септември 2014, кога беше воведена советодавната телефонска линија, на Ало докторе! имало вкупно 122.755 повици. Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација, а  за медицински совет се достапни 25 доктори. 

 
 
05.12.2016 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега