Костадиновски: Ги поставивме на вистинското место земјоделските политики и како искрено треба да се цени трудот на македонскиот земјоделец
ВМРО-ДПМНЕ ги постави на вистинското место земјоделските политики и македонското село и покажува како искрено треба да се цени трудот на македонскиот земјоделец. За нас, земјоделството и македонското село претставуваат неделив сегмент од економскиот и националниот развој на нашата држава, истакна Ванчо Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за време на вчерашната посета и средба со земјоделците од во Општина Тетово, Сарачино, Брвеница, Теарце и Јагуновце, Жилче. На оваа посета исто беше присутен и носителот на ИЕ6 Владимир Ѓорчев.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2006 – 2016 година намени вкупно 1.055 милиони евра за македонските земјоделци, односно од 20 милиони евра во 2006 година континуирано ги зголеми на 140 милиони евра во 2016 година.
–Продолжуваме со интензивните инвестиции во инфраструктура за подобрување на животот на луѓето и изгледот на руралните места, како што се: селските улици и патчиња, водовод, канализација и пречистителни станици, уредување на мали плоштади, пешачки патеки и други јавни површини во населените места, поврзување со туристичките локалитети итн. по 20 милиони годишно 2017- 2020 година. Намалување на ддв-то на ветеринарните лекови и на услугите од страна на ветеринарните друштва од 18% на 5% со што ќе се подобри финансиската кондиција на ветеринарните станици кои со оваа поддршка треба да ја модернизираат опременоста и подобрат ликвидноста во работењето, истакна Костадиновски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа