СИТЕЛ: Прилепчани се навредени од идеjата за двојазичност

 

“Градот на простумот и непокорот, градот - херој кој дал преку 5.000 борци за оваа Македонија, градот кој е и лулка на македонскиот јазик, е крајно навреден од заговараната идеа на лидерот на опозицијата, Зоран Заев за официјализирање на албанскиот јазик. Ова, уште повеке ако се знае и тоа дека, двојазичноста и федерализацијата на земјата, па, и на Прилеп, значи и менување на демографската структура на населението, но, и губење на сегашни работни места на Македонците, Ромите и Турците, за сметка на албанските граѓани” – вели градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Како што посочува градоначалникот Ристески, бројни се и реакциите на граѓаните кои по ова прашање стигнуваат до него, вклучително и оние од членови или од симпатизери на опозициската СДСМ.

Инаку, и самите прилепчани, најмногу заради овој момент, на митингот на опозицијата во Прилеп, на самиот старт од кампањата, покажаа исклучително слаб интерес за посетеност.

 

 
 
05.12.2016 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега