СИТЕЛ: Анкета Павел Шатев: Над 90% се против двојазичност - 27,8 рејтинг за ВМРО¬ДПМНЕ, 16,2 отсто за СДСМ

 

Гласно не од Македонците за идејата на Заев во воведување на двојазичност на целата територија и проширување на рамковниот договор. Последната анкета на институтот Павел Шатев на 5  дена пред изборите покажува дека ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа пред нова, десетта по ред убедлива победа.

Анкетата покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат скоро 28% од испитаните граѓани, додека СДСМ ќе ја поддржат малку над 16%. За ДУИ поддршката е под 5%, околу 3 за Беса и малку над 2 за ДПА.

Меѓу лидерите Груевски и натаму неприкосновен. Неговиот рејтинг е за три пати поголем од оној на Заев. Во Груевски веруваат над 28% анкетирани, додека доверба во Заев имаат под 11% од граѓаните. Разликата е значително поголема меѓу Македонците. Секој втор Македонец му дава поддршка на Груевски за премиерската позиција додека во Заев веруваат само 14%.

Причина за тоа најверојатно е понудата на СДСМ за воведување на двојазичност на целата територија и промена на Уставот. Според анкетата оваа идеја не ја поддржуваат над 93% од анкетираните Македонци. Истиот процент Македонци никогаш не би гласале за партија која би предложила ваков концепт.

Во останатиот дел од партиските понуди над 47% од анкетираните Македонци сметаат дека предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ нуди подобри проекти додека 18% сметаат дека подобра понуда има СДСМ.

Анкетата на институтот Павел Шатев е спроведена телефонски врз репрезентативен примерок од 1090 испитаници во периодот меѓу 30 ноември и 2 декември годинава.

 
 
05.12.2016 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега