Ограбен воз кој сообраќал на релација Богородица-Табановце

Вчера околу 05:15 часот на железнички  премин Табановце, при преглед во воз кој сообраќал на релација Богородица-Табановце, од страна на Царински посредници било забележано дека недостасува пломба на три контејнери, по што настанот го пријавиле на граничните работници.

При извршениот преглед, од страна на вработени на ГП Табановце било утврдено било дека на првиот вагон биле скинати пломбите и одземени биле 11 монитори „ЛЦД 19,5“, „ЦЗ  01“ во вкупна вредност од 538 американски долари, на вториот вагон биле скинати пломби и одземени биле 36 куќишта за компјутери марка „Авентис  TWR “, во вкупна вредност од 4644 американски долари, и на третиот вагон биле скинати пломби, но не било одземено ништо.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
23.12.2016 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега